Британците се приклучија во бојкотот на Зимските олимписки игри

Британскиот премиер Борис Џонсон објави денес дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг следната година.

Џонсон изјави дека ниту еден министер од неговата влада нема да оди на ова натпреварување.

„Навистина ќе има дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг“, изјави Џонсон и додаде дека „бојкотот на спортот“ не е политика на неговата влада.

Освен Велика Британија, дипломатски бојкот на Игрите во Пекинг прогласија и САД и Австралија поради, како што велат, загриженоста за човековите права во оваа земја.

Зимските олимписки игри ќе бидат одржани од 4 до 20 февруари 2022 година во Пекинг.