Бријаторе: Формула 1 без Алонсо сега ќе биде како Реал без Роналдо!

Флавио Бријаторе, познатиот лик од минатото во Формула 1, го изрази своето разочарување што овој мото спорт го загубил еден од најголемите возачи.

Тој со Фернандо Алонсо соработуваше во неколку мандати во историјата на Ф1, прво со Бенетон Рено во периодот од 2003-06 кога Алонсо два пати по ред беше шампион во првенството, за потоа повторно во периодот од 2008 до 2009 да бидат заедно повторно во истиот тим.

Бријаторе го знае добро значењето на Алонсо во овој спорт, петти по ред на севкупниот број на победи, шести по ред по освоени бодови и уште многу статистики кои го величат името на Шпанецот.

Формула 1 загуби големо име, голем возач, еден од најдобрите во овој спорт. Нема друг кој е така идеален како Алонсо, а очајно на Ф1 и е потребен ваков возач. Со Фернандо освоивме две шампионски титули, а сега кога тој се повлекува, можам да кажам дека неговото заминување е исто како Реал Мадрид кој е сега без Кристијано Роналдо“, даде интересна паралела Флавио Бријаторе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Моќен изглед: Ферари го претстави болидот за новата сезона!

„Протекоа“ големи вести за Шумахер: Со приватен хеликоптер пренесен во вилата на Мајорка

Хорнер му даде јасно предупредување на Фетел за новиот колега Леклер

(ФОТО) Во пресрет на новата сезона – Формула 1 го доби еден од најубавите болиди во историјата на спортот

Мик Шумахер сподели интересна анегдота со неговиот татко – разговор кој се уште го памети

Ферари му испрати интересна порака на Хамилтон за новата сезона

Нова заблуда или реално очекување – Фетел тврди дека Ферари сега ги има „состојките“ да го добие Мерцедес

Победите на Дакар 2019 заминаа кај Ал-Атијах, Прајс и Николаев

Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!