Брестовац го соопшти списокот за мечевите во Србија и Романија: Најдобрите ќе одмараат

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, денеска го објави списокот на ракометари кои ќе учествуваат на пријателските турнири во Србија и Романија.

На списокот се најдоа имиња кои настапуваат во домашниот шампионат, а оние најдобрите и носители во националниот тим добија одмор.

Нашата репрезентација на турнирот во Стара Пазова, Србија, ќе одигра две пријателски средби со Кувајт, додека во Романија ќе настапи на турнирот „Трофеј Карпати“, на кој ќе учествуваат и Алжир, Романија и Холандија.

Најдобрите репрезентативци кои имаат клупски обврски во странство ќе се приклучат во репрезентацијата на 2. јануари следната година кога ќе завршат со своите клупски ангажмани.