Бразилските фудбалери влегоа на стадионот како на карневал

Репрезентацијата на Бразил вечерва ја започнува новата епизода на Светското првенство, во првото коло од групата Г игра против селекцијата на Србија.

Фудбалерите на таа репрезентација се навистина одлично расположени, а доказ би можело да биде нивното влегување на стадионот „Лусаил“ каде вечерва се игра овој натпревар.

Бразилците влегоа триумфално, со тапани и дајриња…