Бразилската легенда направи паралела: Лука е добар, но она што се случуваше со Кристијано и Меси..

Лука Модриќ ќе биде запаметен како играч кој успеал да ја прекине 10 годишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Но многумина се сомневаат во неговиот избор, односно дека не е вистински, туку штелуван од претставници на Франс Фудбал.

Ривалдо смета нешто слично, кој потенцира дека сепак Модриќ имал добра сезона, но дека не ја заслужил наградата.

Нема дилема дека Модриќ имаше одлична сезона и некако ми е јасно дека од тој аспект му ја дадоа наградата. Ја освои ЛШ со Реал и и помогна на Хрватска да дојде до финалето на СП“.

„Сепак, јас својот глас му го дадов на Кристијано Роналдо. Португалецот беше фантастичен во ЛШ, а голот на ножички одбележа цела една сезона. На СП тој постигна четири голови, иако неговите излегоа нешто порано. Изборот за Златната топка не ми беше јасен, затоа што и Меси не беше во топ5, па тоа е лудост“, смета Ривалдо.