БРАВО: Одбојкарите ги испратија ракометарите за Египет и порачаа – Среќно браќа

Одбојкарската репрезентација на Македонија во овие денови се бори за пласман на уште едно Европско првенство.

Добро тргнаа, со победа на Босна и Херцеговина,а  денес ги чека уште еден дуел, далеку потежок против Турција.

Пред неколку моменти нашите одбојкари кои престојуваат во ист хотел со нашата ракомета селекција, имаа кратка средба.

Капитенот на македонската одбојкарска селекција Никола Ѓорѓиев и уште неколку соиграчи направија заедничка фотка со Кире Лазаров  и останатите ракометари пред заминувањето пред Египет и порачаа: Среќно браќа