Браун предвидува турбуленции меѓу Фетел и Леклер од една едноставна причина

Еден од највлијателните луѓе во Формула 1, Британецот Рос Браун, предвидува голема нетрпеливост во Ферари идната сезона меѓу Себастијан Фетел и новиот возач Чарл Леклер.

Сезонава Кими Раиконен и Ферари се разделија а момците од Маранело се решија за ангажман на надежниот и млад возач Чарл Леклер.

Но Рос Браун гледа нешто подалеку и предвидува дека Леклер нема да биде нов Раиконен и дека ќе сака да биде посамостоен на патеката, односно да не биде „wingman“ на првиот возач.

Не можам да замислам како Чарл Леклер би можел да му угодува на Себастијан Фетел на патеката како што тоа го правеше Кими Раиконен. Кими секако е свој човек, да не ме сфатите погрешно, но мислам дека знаеше која е неговата улога во тимот, додека беше во Ферари“.

„Себастијан имаше бурна 2018 година. Имаше навистина добри перформанси, во половина од првенството беше во водство, но на крајот, тој и тимот не испорачаа резултати по мерка. Имаа силна година, но мора да го направат големиот чекор идната сезона, мора да испорачаат успех“, смета Браун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ферари го победи Мерцедес надвор од патеките – Мик Шумахер дел од нивната возачка академија!

(ВИДЕО) Драма на Релито Дакар – Русин со камион прегази човек во среде пустина

Утрински потрес во Ферари – си заминува главниот?!

Формула 1 легендата во критична ситуација – повторно заврши во болница

Фетел испрати новогодишна желба – Ферари треба тоа да му го испорача

Конечно проговори – се огласи сопругата на Михаел Шумахер: Неговата желба е…

Денес се навршуваат пет години од кобниот момент кој му го смени животот на Шумахер

Контроверза или вистина – Верстапен тврди дека Хамилтон не ја освоил титулата, туку дека..

Ќе има еуфорија кај фанатиците на Хамилтон – Браун најавува можна и спектакуларна нова трка во Ф1 календарот