Браун предвидува: Хамилтон и Мерцедес ќе се вратат, ќе ја нападнат титулата

Мерцедес иако катастрофално ја почна сезоната во Ф1, сепак според Рос Браун, Луис Хамилтон нема така лесно да се откаже од битката за титулата.

Рос Браун е сигурен дека Мерцедес ќе ја поправа формата и дека како ќе одминува сезоната ќе имаат задоволителни перформанси па со тоа и Хамилтон ќе добие на динамичност.

Овие неколку трки од новата сезона, Мерцедес бараше солуции за болидот, менуваа различни концепти на болиди, обидувајки се да најдат решение. Тој веројатно ги жртвува трките на начин да се подобри и да добие информации и податоци каде грешат, па да може да се поправат“.

„Не знам доволно за проблемите на Мерцедес за да ви кажам дали можат да ги поправат или не, но сигурен сум дека ќе го поправат болидот, тоа сигурно, Луис Хамилтон нема така лесно да се откаже од 8-та титула“, смета шефот на Ф1, Рос Браун.