Братот на Зверев тврди: Кога го направи ова, знаев дека следува пресврт против Ѓоковиќ

Братот на Александар Зверев, Миша Зверев, го анализираше полуфиналето во кое Новак Ѓоковиќ беше неочекувано совладан.

Германскиот тенисер беше на работ на елиминација по првиот сет, но тогаш се случи нешто неочекувано, Ѓоковиќ имаше страшен пад во формата, а од спротивна страна, Зверев одигра фантастично.

Моментално можам да ви кажам дека со освојување на златниот медал, би било како да стане прв играч во светот, ова е и над било кој гренд слем турнир, над било која победа. Играте еднаш во четири години и тоа е нешто неверојатно. Ова му се први олимписки игри, дојде до финалето од прв обид, како од соништата“.

„Новак е неверојатен, фантастичен спортист и голем шампион. Тој е во ситуација да добива мечеви и кога губи со 2:0 во сетови, како во Париз. Тој е непобедлив кога се играат долги и тешки мечеви. Кога себеси ќе си зацрта една цел, тоа го остварува. Оваа година целта му беше да оствари „златен слем“, но не го оствари. Првиот сет го загуби со 6:1, имаше брејк заостанување во вториот сет и тогаш го промени стегачот за глава. Наместо розевиот, го стави оној во боите на Германија, е тогаш знаев дека ќе го сврти мечот“, порача Миша Зверев.