Братот на Зверев со силна порака до Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за бронза против Пабло Карен Буста, а би можел да го освои истиот медал и во мешани двојки.

Миша Зверев, поранешен тенисер и брат на Александар Зверев, изјави дека Новак Ѓоковиќ е голем шампион и дека ќе се врати на УС Опен по болниот пораз и збогувањето од златниот медал на Олимписките игри.

Новак е неверојатен. Тој е голем шампион затоа што може да се врати по два сета минуси, беше убавина да го гледа на Ролан Гарос. Изгледа непобедливо кога игра долги натпревари. Кога поставува цел, главно ја постигнува. Оваа година, неговата цел беше освојување на златото. Затоа победата на Саша е уште поголема, бидејќи тој го спречи во тоа. Новак ќе се врати посилен, и го очекувам тоа враќање веќе на УС Опен – рече Миша.