Братот на Хамилтон го објасни потегот на британскиот возач со Инстаграм профилот

За многу од фановите на Хамилтон па и сеопштата публика во Ф1, беше нејасен потегот на Луис Хамилтон да ги отстрани сите пријатели од својот Инстаграм профил.

Тоа создаде сериозни размислувања, па и стравови кај неговите навивачи, дека можеби се подготвува за повлекување од спортот во кој стана најтрофеен, заедно со Михаел Шумахер.

Но сега тој негов потег, го објаснува неговиот брат Николас.

Потребен му е само одмор од социјалните мрежи, што секако не можам да му замерам. Тој е добар. Што прави моментално? Ги гледа децата како скијат. Моментално сака да ги избегнува социјалните мрежи, едно од најтоксичните места последните неколку месеци“, тврди неговиот брат.

Со оглед на тоа дека се уште не е дефиниран неговиот став, сепак потегот на Хамилтон може да се толкува дека британскиот возач сака да се оддалечи на момент од останатите.