Бранителот на титулата на Индијан Велс, Тејлор Фриц, истакна дека тоа што го нема Новак Ѓоковиќ на овој Мастерс турнир не менва ништо.
Српскиот ас не игра на овој турнир поради забраната на властите во Америка, бидејки не му дозволија да влезе во земјата, а на тој турнир, го нема и минатогодишниот финалист, Рафаел Надал.
„Мислам дека се е исто како и минатата година, го нема Новак овде, но на крајот, за 10-20 години никој нема да се сеќава дека овие луѓе не играле овде. Доколку го освоите Индијан Велс, тогаш сте победник, никому не му е гајле што Ѓоковиќ не е дел од овој турнир“, порача Фриц Тејлор.
Тејлор во 2. коло има пресметка против Бен Шелтон.