Браќата Кличко на „црната листа“ на Путин – мора да бидат елиминирани

Британскиот весник Тајмс објави дека Кремљ испратил 400 платеници во Киев за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски и членови на неговата Влада, но и други јавни личности.

Според весниот, Владимир Путин има „црна листа“ на која се наоѓаат вкупно 23 лица, а меѓу нив и браќата Кличко. Виталиј е градоначалник на Киев од 2014 година, а брат Владимир последните денови е постојано до него, како член на украинската армија. За нивна елиминација е ангажирана „Вагнер групата“ која функционира како полициска параформација, нешто слично како што имаше српскиот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан во војната во 90. години од минатиот век во војната во БиХ.

Браќата Кличко се заколнати противници на политиката на Путин и не ги кријат своите ставови во врска со она што го прави тој, не само во Русија, туку и низ светот.