Ботас дури сега признава колку му било тешко во Мерцедес поради Хамилтон

Финскиот возач Валтери Ботас, признава дека во еден момент додека возел за Мерцедес, во периодот од 2017 до 2021 година, бил блиску до заминување од Ф1.

На крајот од 2018 година малку недстасуваше да се повлечам од овој спорт. Не можев никако да се помирам со фактот дека не можам да го победам Хамилтон. Си ставав премногу притисок на себе и умот почна да ми бега кон некои мрачни места“.

Пред стартот на следната сезона, тој бил на одмор во Јужна Африка, каде се освежил и почнал да размислува поинаку.

Се одморив и направив поширока слика во главата. Веднаш потоа ми дојдоа резултатите. На половина од сезоната бев рамо до рамо со Хамилтон, но потоа до крајот на сезоната тој беше поконстантен од мене. Ја вратив страста, но бев преморен од тоа да му давам поддршка на Хамилтон постојано“, истакна Ботас.

Финецот сега вози за Алфа Ромео, а со овој тим најдобар резултат оствари на „Емилио Ромања“, ГП во Италија.