ВИДЕО: Леброн и друштвото индиспонирани против разиграниот Бостон, кој води со 1:0

259

Бостон Селтикс тргнаа со уверлива победа во финалната серија во источната конференција против моќниот Кливленд, победувајки го со 108:83, за водство од 1:0.

Иако некомплетни, Селтикси сепак остварија сигурна победа на првиот натпревар од серијата. Тие настапија без Хеиворд и Ирвинг.

Бостон имаше фантастична игра, а Кливленд немаше решение за ваков разигран Бостон, па на крајот заслужено го загубија натпреварот.

Браун беше најефикасен кај победничката екипа со 24 поено, додека кај Кливленд најрасположен за игра беше Кевин Лов со 17 поени, Леброн Џејмс беше индиспониран, тој оствари само 15 поени.

Следниот меч се игра в среда, домаќинот е Бостон.