Борко по поразот од Словенија: Штета што не го искористивме стартниот џокер

Коментар за првиот пораз на Македонија на ЕП го даде Борко Ристовски од отвореното студио на МРТВ.

Жал ни е што не ги искористивме одбраните на голманот Томовски, исто така и што не ја искористивме цврстата одбрана. Мислам дека искуството беше пресудно во овој натпревар. Жал ми е што не го искористивме првиот џокер, Словенија не беше доволно подготвена на стартот на ЕП“.

„Но Словенија е далеку поискусна од актуелните ракометари на Македонија и тоа беше пресудно. Но сега ни следуваат два меча, против Црна Гора и Данска, па зошто да не се надеваме на две победи. Данска еднаш ја победивме, па останува само да останеме позитивни по ова и да веруваме“, истакна Борко Ристовски.