Борко: Наградата за овој тим, не е пхарот, наградата е нешто многу повеќе

Еден од најискусните во тимот на Вардар, голманот Борко Ристовски по преспаната ноќ по освојувањето на Куп титулата во Кавадарци против Еурофарм Пелистер се огласи пред неколку моменти на својот профил на фејсбук

„Наградата за овој тим, екипата не е пехарот. Наградата е нешто многу повеќе. Борбата, заедништвото, желбата да се биде прв.

Едноставан овој клуб е повеќе од трофеј. Вардар е Скопје, Македонија. Честитам на истрајноста на цела екипа.

Посебни честитки за Мартин Томовски и Васил Гогов на кои сто сум посебно горд. Благодарам до сите наши подржувачи и нормално до комитите.