Борјан Бранковски ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри во Токио

Борјан Бранковски ќе учествува на Олимписките игри ТОКИО 2020 и ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, натпревар кој на програмата на Олимписките игри е на 24 Јули 2021 година.
Честитки до Борјан Бранковски, нека е со среќа неговиот настап и нека има мирна рака во неговиот прв настап на Олимписките игри!