Борецот Џошуа: Во свои редови имам еден Сер Алекс Фергусон

Британскиот боксер Ентони Џошуа, повеќекратен шампион во тешка категорија, го спореди својот тренер Роб Мекракен со легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој некогаш го тренираше Манчестер Јунајтед.

Одличниот борец соработува со Мекракен долги години, а колку го почитува најдобро сведочи и неговата изјава кога го според со легендарниот и трофеен шкотски стратег кој е сега во пензија.

За мене мојот тренер е Алекс Фергусон. Голем менаџер, голем човек кој има огромно искуство. Со него го покорив цел свет“, истакна 31 годишниот борец од Ватфорд.

Џошуа во меѓувреме во тренерскиот тим го додаде и Џоби Клејтон и Анхел Фернандес, но Мекракен има и понатаму клучна улога.

Искусниот борец неодамна го совлада Кубрат Пулев и ги обедини појасите во IBF, WBA и WBO конкуренциите.