Борец со важна победа против Академија Пандев – Вардар најмногу профитираше од ова коло

Борец денеска направи изненадување, победувајки ја Академија Пандев со 1:0, во меч каде бодови им беа прекупотребни.

Иако Борец Велес по оваа победа не напредуваше, туку остана на истата, претпоследна 9 позиција, сега е барен на иста бодовна слика со Ренова и Струга кои со подобра гол разлика се пред нив, но сега велешани имаат поголеми шанси да се извлечат од дното.

Голот за победа на велешката екипа падна во 80 минута а стрелец беше Прелчек.

Од останатите натпревари, Македонија ЃП и Шкендија одиграа 0:0, Ренова и Шкупи 2:2 и Силекс ја победи Струга Трим Лум со 1:0.

Вардар останува лидер на табелата по ова коло со 27 бодови, Академија П. има 24, па следуваат Шкупи и Македонија ЃП со по 17, Шкендија и Силекс со по 15, Струга, Ренова и Борец по 14 и фенерџијата Работнички со 10 бодови.