И покрај тоа што загугби вечерва, МЗТ не ги загуби целосно шансите за опстанок во елитната дивизија на АБА лигата.
Разликата со Борац сега е два бода, на три кола до крајот на основниот дел од сезоната, но српскиот тим има сличен распоред како оној на МЗТ Скопје на почетокот. Во следното коло гостува на Сплит кој има реални шанси да се пласира во плејофот од АБА лигата, потоа ја пречекува Црвена Звезда и на крајот оди на Будуќност во Подгорица. Реално е да се очекува Борац да не оствари ниедна победа во овие три меча.
Прашањето кое се поставува е дали МЗТ Скопје е способен да триумфира на сите три преостанати натпревари имајќи предвид дека сезонава не славеше ниеднаш на гостински терен и ниеднаш не „врза“, не три, туку барем две победи. Македонскиот шампион го очекуваат дуели со трите хрватски претставници кои мора да ги совлада и да се надева на порази на најголемиот ривал.
Слично како и за Борац, клучен може да биде натпреварот на гости кај Сплит, во претпоследното коло од основниот дел. Идниот викенд во „Јане Сандански“ доаѓа Задар, а на крајот и Цибона.