Бомба од Србија: Јокиќ потпиша за АБА-лигаш!

Еден од најпознатите светски менаџери Мишко Ражнатовиќ се пошегува на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од Никола Јокиќ како потпишува некаков договор.

Ражнатовиќ е сопственик на српскиот клуб и учесник во АБА лигата, Мега, па го поврза српскиот репрезентативец со тимот каде ја почне професионалната кариера.

„Баш барав резервен центар за Филип Петрушев кога се појави ова момче и рече дека би сакал да игра баскет, дека ја сака Мега, па веднаш потпишав со него. Којзнае, можеби ќе го биде“, напиша менаџерот на Инстаграм.

Останува во следниот период да се дознае што, всушност, потпишал Јокиќ и каква авантура го чека во следниот период.