Бомба од Шпанија: Де Брујне се сели во Реал!?

Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин де Брујне сериозно ја разгледува опцијата да го засили Реал Мадрид во следниот преоден рок.

Можно е премиерлигашот идната сезона да не игра во Лигата на шампионите што веројатно ќе придонесе најголемите ѕвезди во екипата да си заминат, а со нив и белгискиот репрезентативец. Зинедин Зидан е голем фан на Де Брујне кој би добил можност да игра со своите сонародници Тибо Куртоа и Еден Азар.

Сепак, до летото има уште многу време, можно е сезоната да биде прекината, но и да се игра до август.