Болт се уште жали за неостварената кариера во фудбалот

Најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт, тврди дека во фудбалот не ја добил вистинската шанса да покаже што знае.

Познато е дека тој е миленик на фудбалот и се знае дека сака да игра фудбал, а во минатото беше и во неколку клубови на проба.

Мислам дека не добив вистинска шанса да опстанам таму. Не правев работи како што сакам, а мислам дека сум добар во сето тоа за да настапувам“, рече Болт за медиумите во Австралија.

Осумкратниот олимписки шампион во спринт сакаше да почне фудбалска кариера кога во 2018 година се пензионираше од атлетиката.

Тренираше во Австралија со Централ Коуст, даде два голаи заврши со натпреварите таму, а преговорите не успеаа за тој да остане. Исто така тој извесен период беше на проба и во Борусија Дортмунд.