Болница во Мадрид, Реал ќе се мачи и против Бетис

Пред точно два месеца, Бетис ја победи Барселона на Камп Ноу, а в недела ќе се обиде истото да му го направи и на Реал.

Под водство на Кике Сетиен, андалузискиот тим игра прекрасен фудбал, најубав во Ла Лига и ниедна екипа не може да смета на сигурни бодови против него. Но, дополнителен проблем за Реал на неделниот натпревар ќе биде тоа што Солари не може да смета на најмалку осуммина фудбалери.

Асенсио, Бејл, Маријано, Крос, Куртоа и Љоренте се повредени, Лукас Васкес суспендиран, а Винисиус Жуниор има грип и најверојатно нема да биде во конкуренција.

Со оглед на последните променливи резултати, Реал го очекува тешка работа на пеколниот „Бенито Виљамарин“ каде и порано, дури и со посилни состави, тешко излегувал на крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Дали ќе биде тренер на Јувентус? Па Челси го нема уште ослободено од договорот

На свадбата на Рамос денеска, освен Роналдо, не беше присутно уште едно големо име

Гулит за проблемот на Милан последните неколку сезони

Имаше одлична сезона во Арсенал – но сака да си замине поради својата девојка

Откриено колку цигари на ден пуши Сари

(ВИДЕО) Ѕвездата на Јувентус се снимаше со гола жена во кревет !?

Почина човекот кој за малку не го однесе Вардар во ЛШ

Европски шампион и светски вицешампион ќе го засили Милан