Боли глава: Горбок откри колку всушност тежел Милиќ!

Вардар пред една седмица ги започна подготовките за новата сезона, а веќе на почеток се соочи со проблеми. Клубот го напушти Страхија Милиќ поради прекумерна тежина.

Повратникот во тимот Сергеј Горбок за медиумите во Русија откри всушност колку тежел популарниот „Џамбо“.

„На првиот тренинг Милиќ се појави со тежина од 174 килограми. Ова беше вистински шок за луѓето во клубот кои пред одморот му ставиле за задача да ослаби, а тој дојде уште подебел. Му беа понудени дисциплински санкции, но Страхиња одби и реши да го напушти клубот“, изјави Горбок и додаде:

„Ова не стави во тешка ситуација ако се земе предвид дека си замина и Арпад Штербик. Но од друга страна мора да постои профеионализма и мора постојано да се внимава на телото. Челните луѓе на Вардар, Самсоненко и Кокшаров имаа комплетна доверба во Милиќ, но сега е неопходно веднаш да бараат замена за него. Но ние сме сигурни дека проблемо ќе биде решен“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој ќе го замени Раул? РФМ го објави конкурсот – се чекат кандидатите

ЕХФ: Еурофарм немоќен во Битола против Татабања

Парондо: Промашивме многу, Веспрем имаше повеќе свежина кога најмногу требаше

Одлично прво и катастрофално второ полувреме: Вардар загуби од Веспрем среде Скопје!

(ФОТО) „Комити“ со закана – Глави ќе летаат!

Следете го дерби мечот ВАРДАР – Веспрем овде

Мукаетов за приоритетот со кој ќе се избира новиот селектор на репрезентацијата

ЕХФ го „делна“ и Кјелце за инцидентот со Вардар минатиот октомври

Стоилов и Парондо очекуваат тежок меч со Веспрем