Бојан Трајковски: Ќе играм за Македонија додека ме држат нозете

Бојан Трајковски беше едeн од најдобрите начи играчи во финалниот меч од „балонот“ во Перм. Искусното крило реализираше 21.поен (14 во првото полувреме), имаше и шест скока и една асистенција за скоро 26.минути во игра на финалниот меч во Перм.

„Жал ми е, и разочаран сум од тоа, пред сè најмногу што овие млади момци во нашиот тим нема да играат на Европското првенство догодина. И на претходните дуели покажавме дека можеме да играме со големите репрезентации,. Но тоа не беше доволно за да се пласираме на Евробаскетот.

Се надевам, и убеден сум дека во некои наредни квалификации ќе стигнеме до она што не успеавме да го реализираме овде. А јас ќе бидам со нациналниот тим се додека ме држат нозете, односно додека играм кошарка. Се со една цел, да им бидам од помош на овие момци кои се тука со нас, и на кои е иднината на нашата кошарка. Секогаш ќе му бидам на располагањње на нашиот нацинален тим, се додека играм кошарка“– порача нашето силно крило на прес-конференцијата по натпреварот со Естонија кој го добивме со минимални, но недоволни (86:84).