Боговите вмешаа прсти: Шутирај го колку сакаш пневматикот – некој го чува Хамилтон на врвот!

На 5 кругови пред крајот, по крајно фантастичната трка извозена од Ред Бул, кои беа пред 1-2 победа, им се случи максимална трагедија.

На 5 кругови пред крајот, на Макс Верстапен му експлодира задниот лев пневматик и буквално некоја натприродна сила му одзема победа и 25 бодови за нова победа (+1 за најбрз круг).

Од целата ситуација, трката е запрена на 3 кругови пред крајот, каде сигурно ќе видиме тркање и шанса на Хамилтон да успее да го победи Перез и да освои масовни 25 бодови.

Но како и да е, ситуацијата за Ред Бул е катастрофална, победата им беше во раце, Верстапен ќе водеше со +15 бодови пред Хамилтон во шампионатот, но сега таа предност ќе ја има Хамилтон, во однос на тоа како ќе заврши трката.

Трката, односно она што остана од неа (3 круга) ќе има спринт, односно фото финиш, во кој секој ќе има шанса да оди позиција подолу или погоре.