Богдановиќ: Не се опаметивме по поразот од Шпанија…

Кошаркарската репрезентација на Србија својот пат на Мундобаскетот во Кина го заврши веќе во четвртфиналето каде неочекувано беше поразена од Аргентина со 97:87.

Најефикасен играч на овој меч беше Богдан Богдановиќ, кој воедно беше и најдобар играч на Србија на турнирот, а не го криеше своето незадоволство и разочарување по поразот.

„Секако дека би го менувал својот учинок за победа. Тие покажаа дека се тим, кошарката е тимски спорт, тоа победува. Ние доживеавме два порази по ред, не се опаметивме и тоа е тоа. Четвртфиналето е најтешкиот натпревар, може секој секого да надигра. Уфрлија се, а ние можевме да бидеме подобри во одбраната. Лесно е сега после пораз, сите можат да зборуваат што и како…“, изјави Богдановиќ кој мечот го заврши со 21 постигнат поен.

На репрезентацијата на Србија сега и претстои борба за пласман од 5. до 8. место, мотивите повторно се високи бидејќи 5. место носи олимписка виза, а следниот противник ќе им биде поразената екипа од дуелот САД – Франција кој се игра утре од 13 часот.