Блокотехна доби уште едно градско дерби против Кожув, овој пат официјално на гостински терен во салата „26-април“ во Гевгелија.
Ова беше последен меч од 8. коло во Суперлигата, Кожув имаше добра игра и резултат пред последното четвртина за да направи изненадување, но сепак гостите од „Негорски бањи“ не дозволијуа изненадување.
Резултатот на полувреме беше 47:37, предност за Кожув, избраниците на Илиевски се разбудија во третиот дел каде одиграа егал (23:23), додека во последните 10 минути одработија шампионски и на Кожув му дозволија само 14 поени (14:33), каде буквално беше и одработена победата (84:93).