Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Бразилскиот фудбалер Евертон Соуса Соарес кариерата најверојатно ја продолжува во Англија.

Фантастичниот 23-годишен офанзивец прикажа фантастични игри за селекцијата на Бразил на Копа Америка, а со своите настапи ги привлече европските тимови.

Меѓутоа, се чини дека Евертон веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата. Подготвен е да потпише за Арсенал, а дека ќе се пресели во Англија навести и неговата сопруга.

Таа го сними фудбалерот на Гремио како учи англиски јазик и тоа е јасен знак дека ќе го гледаме во Премиер лигата следната сезона и тоа во дресот на Арсенал, кој е најзаинтересиран за неговите услуги.

„Имам добар изговор“, изјави Евертон изговарајќи одредени зборови на англиски јазик.

Гремио за него постави цена од 40 милиони евра, а трансферот би можел да биде готов многу брзо.