Бизарно: Скандираа тренерот да добие отказ, а тој доби срцев удар и заврши во болница

Динамо Букурешт во рамките на второто коло од романскиот шампионат се соочи со Универзитатеа Крајова, а мечот во текот на првото полувреме беше прекинат.

Имено, во 30. минута при резултат 0:0 тренерот на домаќините Еуген Неагое доживеа срцев удар.

Неагое колабираше и одеднаш се сруши на тревата, набрзо пристигна брзата помош која веднаш го пренесе во болница.

Мечот по 20 минути продолжи, а романскиот новинар Емануел Росу пишува дека навивачите на Динамо го навредувале 51-годишниот Неагое и барале негова оставка иако само пред еден месец го презеде клубот.