Бизарна пенал-серија, Звезда го замолкна Копенхаген

Вкупно 22 пенала, девет промашени, два црвени картона и победа на Црвена Звезда за пласман во плеј-офот од квалификациите за Лигата на шампионите против Копенхаген.

По 120 минути од реваншот беше 1-1, исто како пред седум дена во Белград, двете екипи завршија со фудбалер помалку поради црвени картони, Данците имаа три меч-топки, но не ги искористија. Звезда промаши четири, а Копенхаген пет пенали, се поради белата точка на која немаше трева, туку кал, па играчите не можеа да шутна убаво.

Херој на Звезда беше голманот Борјан кој го одбрани 22. пенал, но најголем дел од промашувањата отидоа над пречката.