Битолчани декласирани во Португалија: Спортинг со лекција за Еурофарм Работник

Гостувањето за Еурофарм Работник во Португалија не донесе ништо ново. Битолчани забележаа уште еден пораз во рамки на групната фаза од Лигата на шампионите и тоа убедлив со двоцифрена разлика (36-26).

Освен во почетните дестина минути кога составот од Битола пружаше каков-таков отпор, во продолжени домаќините беа тие кои диктираа и ритам и резултат.

Веќе по првото полувреме Спортинг на пазуа замина со високи +6 (17-11). Сепак во вториот дел комплетно се распадна играта на „фармацевтите“ кои немаа сила да му парират на фаворитот кој на крај славеше победа со десет гола.

Единствена светла точка во редовите на нашата екипа беа бековите Остроушко и Јотиќ кои зад своето име запишаа по осум погодоци.