Биното за одлуката да се разделат со Фетел: Тој беше целосно изненаден

Директорот на Ферари, Матија Биното, истакна дека Себастијан Фетел и понатаму не ја разбира одлуката во потполност зошто Ферари одбил да ја продолжат соработката.

Фетел на крајот од годината е слободен возач и веројатно ќе го менува тимот, или му останува втората опција – пензионирање.

Фетел деновиве се обрати до медиумите и рече дека Ферари сепак не му понудил нов договор, односно дека лажат за тоа што го пласираат во јавноста. Тој бил гневен на одлуката на Ферари да не го продолжат договорот, а таа вест му била соопштена телефонски.

За време на зимската пауза многу возачи не прашуваа дали постои можност за такво нешто и тоа беше нормално во тој период. Но како што рековме, стоиме на тоа, Себастијан за нас беше секогаш опција број 1. Но ситуацијата со коронавирусот промени многу работи во нашите планови“.

„Сметам дека и покрај разделбата, односите со Фетел ни се добри, а се надеваме дека донесовме исправна одлука. Себастијан е професионалец и одлично момче, мислам дека тој никогаш нема да ја сфати нашата одлука и поради тоа беше многу изненаден“, рече Биното.