„Бикот“ ќе стисне заби: Надал ќе игра во Лондон

Првиот светски рекет Рафаел Надал, сепак, ќе игра на завршниот Мастерс во Лондон на кој ќе го брани лидерското место на АТП листата.

По откажувањето од турнирот во Париз, се појавија информации дека тој би можел да не патува и во Англија, но лекарските прегледи покажале дека е подготвен за игра и нема пречки за настап. Утре, кога е ждрепката за Мастерсот, тој со својот тренер Карлос Моја ќе отпатува за Лондон.

Турнирот во британската престолнина е еден од ретките кои Надал не ги освоил во својата кариера. Ако сега успее да го скрши малерот, дефинитивно ќе го задржи првото место на АТП листата до крајот на сезоната, но и да не се случи тоа, му требаат 900 бода за да остане таму барем до јануари.