Биатлонот станува дел од новата Биатлон федерацијата на Македонија

Агенцијата за млади и спорт преку соопштение истакна дека спортот биатлон конечно станува дел од Биатлон федерацијата на Македонија, со што овој спорт конечно ќе добие третман каков што заслужува.

Со овој потег, развојот на биатлонот е осигуран, а од АМС се надеваат дека истиот ќе стане број еден зимски спорт во нашата држава.

Соопштението на АМС ви го пренесуваме во целост:

„Ги информираме сите љубители на снежните спортови во нашата држава дека спортот биатлон конечно го добива заслуженото место во новата Биатлон федерација на Северна Македонија која е полноправна членка на Светската Биатлон Организација (ИБУ).

Биатлон федерацијата на Северна Македонија е единствена организација која може да го развива овој вид на спорт, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонски олимписки комитет. Целта на Биатлон федерацијата е развивање и унапредување на биатлонот во број еден зимски спорт во Република Северна Македонија.

Сакаме да истакнеме дека е отпочнат проект за изградба на биатлон стадион согласно сите светски стандарди, со што ќе се обидеме да ја направиме нашата држава препознатлива на светската биатлон карта.Агенцијата за млади и спорт и Биатлон федерација на Северна Македонија ќе отпочнат програми за запознавање, презентирање и развивање на овој вид спорт кај децата и младитe.

Натпреварувачите кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Северна Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе добијат максимална поддршка за што подобри резултати во светски размери. Веќе се во тек сите подготовки за настап со ИБУ Купот.

Се надеваме дека биатлонот за кратко време ќе стане број еден зимски спорт и сите заедно ќе се радуваме на големите успеси на нашите репрезентативци“, стои во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.