Биатлон федерацијата организира форум за родовата еднаквост на жената во спортот

Биатлон федерацијата на Северна Македонија организира Интернационален биатлон форум на тема: ,,Родова еднаквост на жената во спортот – можности и предизвици”.

Настанот ќе се одржи од 25-ти до 27-ми март во Хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, каде ќе земат учество претставници од седум држави и тоа од: Република Србија, Република Хрватска, Романија, Република Грција, Босна и Херцеговина, Република Бугарија и Република Северна Македонија како домаќин на Форумот.

Интернационалениот биатлон форум официјално започнува на 26-ти март во 9 часот каде поздравен говор ќе има Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски, а свое обраќање ќе имаат и амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н.Е. Кејт Мери Брнз, Претседателот на Интернационалната биатлон унија г-дин Оле Дахлин како и Претседателот на Биатлон федерацијата на Северна Македонија, г-дин Кочо Кираца.

Темите на панел дискусиите кои ќе бидат опфатени на Форумот се:

  1. Уривање на стереотипите во спортот, професијата, родовата еднаквост;
  2. Лидерството на жената во спортот и улогата на женатата на менаџерска позиција;
  3. Важноста на родовата еднаквост и диверзитетот од перспектива на ИБУ;
  4. Улогатата на невладиниот сектор, спортски и останати здруженија, како и бизнис секторот за подобрување на родовата еднаквост;
  5. Влијанието на тренерите и мотивација на спортистите за еднакво учество;
  6. Учество на лица со посебни потреби, нивната инклузивност во општеството и спортот

 

Говорници  ќе бидат Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, г-ѓа Славјанка Петровска, Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Оливер Спасовски како и останати истакнати личности од оваа сфера .

 

Освен поддршката на родовата еднаквост и лидерството на жените во спортот и уривање на стереотипите во спортот главна цел на овој Форум е зајакнување и проширување на постојната регионална соработка како и остварување на инклузивниот родово – сензитивен процес во полето на спортот.