Безобразниот Икарди го кочи трансферот на Џеко

Долгогодишниот капитен на Интер, Мауро Икарди е отпишан од редовите на нераѕурите, но по секоја цена сака да го малтретира раководството.

Минатата сезона му беше одземена капитенската лента, летово ја загуби и деветката која замина на грбот на Ромелу Лукаку и сето тоа го нервира аргентинскиот напаѓач. Како одмазда за овие работи тој одбива да се пресели во Рома и упорно инсистира на трансфер само во Јувентус.

Интер и Рома постигнаа договор за размена на Икарди и Џеко со тоа што волчицата ќе доплати околу 50 милиони евра. Но, размена уште нема, а до крајот на преодниот рок останаа девет дена.