Без Германецот против Порто – Вардар го објави составот за вечерашниот меч во ЛШ

Вардар го пречекува тимот на Порто вечерва во „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

Составите се веќе познати, Вардар ги објави имињата на кои Стевче Алушевски ќе може да смета за вечерашната пресметка во рамките на 5 коло од новата сезона во ЛШ.

Германскиот ракометар Кристијан Дисингер поради повреда на рамото нема да му биде на располагање на тренерот на „црвено-црните“, а од останатите ракометари Вардар е комплетен.

Предизвик за Вардар на оваа средба ќе биде и противничкиот голман и македонски репрезентативец, Никола Митревски, кој претходното коло против Пик Сегед имаше нестварна партија и неверојатни одбрани.