Бев поуспешен со жените, отколку Бред Пит и Џорџ Клуни

Поранешниот француски репрезентативец Адил Рами, кој со „триколорите“ стана светски шампион пред две години, објави автобиографија во која се осврна и на теми кои немаат врска со фудбалот.

На пример, неговиот љубовен живот за кој рече дека бил побурен отколку на Бред Пит и Џорџ Клуни.

„Се сеќавам на една хуманитарна забава, хостесите ме испратија во ВИП салонот. Потрошив нешто таа вечер, но останатите даваа многу поголеми износи. На масата имаше седум девојки, беа „авиони“, не можев да верувам. Си разменивме броеви, пиевме, беа многу пристојни и се смееја на моите шеги. Со жените имав поголем успех отколку Бред Пит и Џорџ Клуни“, открива Рами.

Негова последна бурна врска беше онаа со Памела Андерсон, токму во периодот кога играше на Светското првенство во Русија. За разлика од љубовниот живот, во фудбалот не беше исклучително успешен, па сега е член на португалскиот клуб Боависта.