Кристијано Роналдо и Георгина Родригес имаат тешка криза во својата врска и се пред раскинување, тврдат медиумите низ Европа и покрај тоа што Аргентинката вчера на Инстаграм објави дека сето тоа се трачеви.
Наводно, се почнало минатиот месец кога двајцата се скарале јавно, пред полетување за Њујорк по што за време на целиот лет не проговориле ни збор. Георгина не е задоволна од животот во Саудиска Арабија, а на Роналдо не му се допаѓа нејзиното надмено однесување и истакнување на заедничкото богатство.
Многумина тврдат дека кризата во врската влијае на Роналдо кој последниот месец е непрепознатлив на терените, постојано се расправа, а не може да постигне ни гол.
Во случај да се разделат, на Георгина ѝ припаѓа 35% од богатството на Роналдо затоа што заедно имаат две ќерки, Алана Мартина и Бела Есмералда.