Беше во „шема“ со Карлеуша, сега добил ќотек за друга девојка

Фудбалерот Огњен Врањеш повторно се најде во центар на скандал откако добил ќотек во кафуле во центарот на Бања Лука, соопштија босанските медиуми.

Според информациите, една девојка му се пожалила на своето момче дека добивала сигнали од поранешниот репрезентативец на БиХ по што овој дошол во локалот и го истепал Врањеш. Истиот извор пренесува дека фудбалерот не го пријавил случајот во полиција, но дека инспекторите знаат се за овој случај.

Пред неколку години, Врањеш беше во „шема“ со познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, нивните фотографии излегоа и во јавноста, но двајцата тврдеа дека се работи за монтажа.