Беше украински пратеник, а сега сонува да настапи за Македонија на ОИ во Париз

Олександар Онишченко за македонската јавност е апсолутно непознато име, но доколку се заври во неговата историја, е токму тогаш станува и тоа како интересен.

Станува збор за поранешен познат украински политичар и пратеник во оваа држава кој уште во 2016 година побегнува од Украина.

Во меѓувреме добива македонски пасош со кого настапува на турнири за јавање коњи.

Па така акедонскиот репрезентативец во коњички скокови Онишченко освои седмо место во Сен Тропе

За добивањето државјанство, иницијативата ја поведува Федерацијата за коњички спортови.

Ристо Јосифовски, претседател на коњичката федерација на Македонија, за БИРН потврди дека тие побарале државјанство за него.

Во мислењето од Агенцијата за млади и спорт, кое БИРН го доби согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер, се наведува дека институцијата „не дала позитивен одговор за стекнување државјанство бидејќи е ненадлежна“.

Меѓутоа, во мислењето испратено до Владата, Агенцијата се повикува на коњичката федерација, која „цени дека тој ќе го поддржи развојот на коњичкиот спорт“, дека има искуство како тренер и дека ќе ја претставува „нашата држава на врвни спортски меѓународни настани“.

Првиот датум што може да се најде за процедурата во македонските институции за Онишченко е 12 февруари 2021 година. На тој датум во истиот документ се наведува дека Македонскиот олимписки комитет (МОК) му дал позитивно мислење.

Првиот човек на МОК, Даниел Димиевски, за БИРН вели дека иницијатор за ангажманот на Онишченко е коњичката федерација, а комитетот само оценил дека овој човек може да се пласира на Олимпијада под македонското знаме.

Димевски објасни дека се создава македонска репрезентација за овој спорт, покрај Онишченко има уште еден репрезентативец „позајмен“ од Словенија и оти коњите со кои тие двајца настапуваат (и кои се исклучително скапи) се во сопственост на Украинецот.

Во моментот на аплицирање за македонско државјанство, Онишченко веќе е еден месец на листата санкционирани во Соединетите Американски Држави, а државјанството го добива 17 месеци подоцна.

Онишченко сега е и македонски гласач, заведен на адреса во скопска центарска населба. Куќата во која се води дека живее не изгледа атрактивно, како што личи неговиот живот на Инстаграм.

Игор Пенов, поранешниот кошаркар на чија адреса се води украинскиот олигарх, во телефонскиот разговор за БИРН потврди дека „Онишченко му е кираџија“, но не сакаше да објасни како се запознал со него.

„Што ве интересира тоа… не ви давам интервју…“, е кусиот коментар што го добивме.