Берни Еклстоун уапсен во Бразил

Берни Еклстоун (91), поранешниот и долгогодишен прв човек на Формула 1, бил уапсен додека се качувал на приватен авион со кој патувал за Швајцарија, откако меѓу неговиот багаж бил пронајден пиштол без дозвола. Веста ја потврди локалната полиција која открила дека огненото оружје било забележано додека го скенирал куферот пред летот. Еклстоун потврдил дека тој е сопственик на оружјето, но и додал дека не знае како тоа завршило во багажот. Откако платил кауција, му било дозволено да лета.

Еклстоун, придружуван од неговата сопруга Фабијана, присуствуваше на неколку настани во Бразил во мај. Таму се дружеше и со трикратниот шампион во Ф1, Нелсон Пике.

Пред помалку од две години, Еклстоун имаше син со 46 години помлада сопруга. Тој има и три ќерки од претходните бракови. Неговата најстара ќерка Дебора има 66 години и ја доби со првата сопруга Ајви Бамфорд. Со Славица Радиќ има две ќерки, 37-годишната Тамара и 33-годишната Петра.