Бензема со сцена од култен филм го прокоментира заминувањето на Лео Меси

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона е спортска тема на денот во целиот свет. Особено тоа се однесува на шпанската Ла Лига, која на чуден начин остана без својата најголема ѕвезда.

На фудбалерите и навивачите на Реал Мадрид веројатно делумно им олесна, а една од реакциите која особено ја воодушеви јавноста беше онаа на Карим Бензема. Тој на својот Инстаграм објави фотографија на која момче бега од експлозија.

На љубителите на филмските класици веројатно не им беше тешко да препознаат дека станува збор за сцена од култниот филм „Добри момци“ (Goodfellas). Голем број навивачи на социјалните мрежи сметаат дека станува збор за симболична порака со оглед на големиот хаос кој остана зад Меси на „Камп Ноу“. Се уште не се знае каде Меси ќе ја продолжи кариерата, но прв фаворит за неговиот потпис сега е ПСЖ.