Белгиски тренер: Лукаку мора да си замине, она што тренерот му го прави не е фер!

Се уште е актуелна темата околу трансферот на Ромелу Лукаку во Интер, но Манчестер Јунајтед барем засега, бара премногу пару од Интер за Белгиецот (80 милиони евра).

Многумина сметаат дека односот на Манчестер Јунајтед кон Лукаку е брутален и во тој контекст е обвинет Оле Гунар Солскјер дека по секоја цена сака да се ослободи од Белгиецот.

За волја на вистината, Лукаку зад себе имаше не така добра сезона, па тоа му е и како поттик и на самиот играч да си побара нова средина.

Белгискиот менаџер Џорџ Ликенс, го обвини тренерот на Јунајтед, дека со сите сили го притиска Лукаку да си замине од клубот.

„Тој е одличен играч, но идејата и понатаму да остане во Манчестер, за него не е баш најдобра. Ако го гледате начинот на кој што игра за Белгија, ќе видите дека е добар фудбалер. Нему му е потребна самодоверба, сака да се почувствува дека некој го сака“.

„Моментот кога тој ќе се посомнева дека за него немате најдобро мислење или сомнеж во квалитетот, работата е завршена. Мислам дека сега е вистински момент да замине во Италија, во земја каде фудбалот се игра повеќе тактички. Тој ќе сака малку да им се освети на луѓето во Манчестер, за да видат што ќе пропуштат со неговото заминување“, порача Ликенс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последно инфо – што рече Лукаку за трансфер сагата со Интер

ВИДЕО: Само што почна финалето од Купот на нации во Африка – и гол!

Сите мислеа дека моментот со Роналдо бил клучен – но Де Лихт ја откри причината за трансферот во Јуве

Блесна на Копа Америка, а сега на интересен начин откри каде ќе ја продолжи кариерата

Веќе нема дилеми: По ова е јасно дека Икарди е блиску до Јувентус

Барселона го врати Валдес

И повеќе од заслужено: Мадрид му изрече казна од 250.000 евра на Рамос!

Управата на Барселона даде зелено светло: Ракитиќ и Кутињо на продажба

Мегваер е прескап, Јунајтед се насочува кон новопечениот играч на Јувентус?!