Бекер знае со каква стратегија ќе ги игра Ѓоковиќ мечевите до крајот во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ игра повреден на Австралија Опен, а на вчерашниот меч беше подобар од Григор Димитров со 3:0 во сетови за осминафинале.

Србинот влече со себе повреда на задната ложа, а тоа беше изразен на последниот меч, каде чувствуваше огромни болки и неколку пати бараше медицински тајм-аут.

Фановите веќе почнаа да шпекулираат дека Ѓоковиќ ја лажира повредата, со цел да го спушти притисокот од себе, но на тоа реагираше Борис Бекер, неговиот поранешен тренер.

Го познавам добро Ѓоковиќ и знам дека навистина има проблем со повредата. Не би се однесувал така доколку е се во ред со него. Понекогаш мислите дека блефира или дека не може да го заврши мечот“.

„Ѓоковиќ ќе оди на брзи поени, тоа го почнува со сервисот, затоа што тој презема голем ризик на вториот сервис. На последните мечеви се обидуваше да доминира со форхенд. Имаше успони и падови, но одигра добар натпревар“, истакна Бекер за мечот против Димитров.