Бекер удри по провокаторот Кирјос

Ник Кирјос изминатиот период беше главен критичар на се што се случуваше во светот на тенисот, посебно по она со Адриа Тур и коронавирусот во Хрватска.

За се и сешто коментира, а кога некој ќе му реплицира, Австралиецот го радикализира својот речник и со секој, бз оглед дали од колегите или некој аналитичар, Кирјос си создава конфронтација.

Овој пат реагираше и Борис Бекер, некогашниот тренер на Новак Ѓоковиќ, на кој му здодеа да го слуша постојано Кирјос како критикува и за што треба и за што не треба.

Кирјос е човек кој треба едноставно да замолчи. Тој непрестано коментира за тенисерите и веројатно е доста. Се претвори во звучник. Во светот на тенисот не познавам луѓе каков што е Кирјос“, порача Бекер.