Бекер со совет до Зверев, за тоа што мора да направи за да биде број1 на АТП

Се поизвесно е заминувањето на „големата тројка“ од светскиот тенис, а веќе се издвојуваат неколку имиња кои во иднина можат да владеат со овој спорт.

Александар Зверев е сигурно еден од потенцијалните наследници на големата тројка, но, Борис Бекер кој е некогашен тренер на Новак Ѓоковиќ, објаснува што мора да стори Зверев за да дојде до врвот на АТП листата и луѓето да го перципираат како иден шампион и владетел.

Тој мора да освои гренд слем трофеј, дури тогаш може да биде број1. Верувам дека има капацитет да го направи тоа следната година, но тоа мора да го демонстрира на терен. Доколку сака да ја оствари својата цел, Зверев треба наскоро да освои некој од гренд слем турнирите. Би сакал тој да стане голем германски тенисер“, истакна Борис Бекер.

Зверев пред неколку дена, го победи Данил Медведев во завршниот мастерс турнир во Торино, со што најави нагорна линија во неговата форма.